Американската технолошка корпорација Apple денеска ја претстави најновата верзија на својот водечки производ, iPhone 16, а извршниот директор Тим Кук рече дека телефонот е направен за вештачка интелигенција (AI) „од темел“.
Компанијата за време на презентацијата забележа дека „iPhone 16“ и „iPhone 16 plus“ ќе им бидат достапни на клиентите во нови бои и со приспособливо копче за акција, кое беше достапно само кај моделите од повисока класа, објави Bloomberg.
Има и помоќен чип и ново копче за контрола на камерата, кое им овозможува на корисниците да фотографираат и да пристапуваат до функциите на камерата.