Претставата „Гимнастика за бремени“ на Театарот од Враца-Бугарија гостува во Драмскиот театар во Скопје

    Претставата „Гимнастика за бремени“ на Театарот од Враца-Бугарија гостува во Драмскиот театар во Скопје

    Вечерва во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, гостува театарот од Враца-Бугарија, со комедијата „Гимнастика за бремени“.

    Автор: Здрава Каменова
    Режија: Петринел Гочев
    Сценографија и костимографија: Надја Василева

    Улоги: Ива Кирова, Ина Георгиева, Росица Огњанова, Цветана Горкиева, Гергана Змијчарова-гостин, Теодор Софрониев, Борислав Сарафанов, Калин Костадинов и Делчо Чолаков.

    Четири трудници и четирите по име Марија се среќаваат на час по породилна гимнастика, а ова познанство ги води до непромислено бегство и најлудата ноќ во нивниот живот. Претстава за најекстремното, најтрансформативното искуство, бременоста, како жените и родителите поминуваат низ неа и ја преживуваат љубовта, изборот да се биде родител. Дојдете на патување низ апсурдите, лудилото, стриите и љубовта на четири трудници, четворица мажи и еден ексцентричен предавач. Не ветуваме дека е безбедно! Постои огромен ризик неколку пати да поминете низ доста емоции од смеа до солзи и обратно.

    Информации и резервации на 076/434343

    The post Претставата „Гимнастика за бремени“ на Театарот од Враца-Бугарија гостува во Драмскиот театар во Скопје appeared first on ekran.

    Exit mobile version