back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАПретседателка...

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, Вилијам Maјпамбе Сиказве

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, со седиште во Анкара, Вилијам Maјпамбе Сиказве.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека именувањето на нерезидентен амбасадор на Република Замбија во нашата држава, отвора дополнителни можности за поангажирана заедничка работа во откривање нови области за соработка, како и за размена на искуства и добри практики во образованието, здравството, во зачувувањето на природната средина и биодиверзитетот, во постигнување на одржлив развој и благосостојба за сегашните и идните генерации.

Амбасадорот Сиказве во својот говор на церемонијата на предавање на акредитивните писма ја истакна посветеноста на Замбија за унапредување на билатералната соработка со нашата држава, во сите сфери од заемен интерес, со акцент на можностите за развој на економската, трговската и инвестициската соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова на новоименуваниот амбасадор Сиказве му посака успех во извршувањето на одговорната функција. 

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, Вилијам Maјпамбе Сиказве appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари