Прва операција на жолчка со помош на ВР технологија во Скопје

    Прва операција на жолчка со помош на ВР технологија во Скопје

    Првата операција потпомогната од технологија за виртуелна реалност (VR) беше извршена вчера во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Процедурата ја спроведе д-р. Стефан Арсенков, абдоменален хирург во болницата и ко-основач на компанијата 3DLoom (3ДЛум). За време на операцијата за отстранување на жолчното ќесе кај 32 годишна пациентка, Арсенков користел ВР очила кои давале пренос во реално време и имерзивна визуализација на самата процедура.

    – Ова е монументален потфат не само за нас како болница и тим, туку и за нашиот целокупен здравствен систем – вели Арсенков.

    Според него, користењето на оваа најнова технологија овозможува подобрена прецизност и контрола и значително подобрување на ергономијата. Тоа ги зголемува можностите на хирургот успешно да ја спроведе операцијата.

    – Воведувањето на технологијата за виртуална реалност во операционата сала претставува значаен скок напред во пристапот кон комплицираните операции. Ни овозможува нам хирурзите уште подетална видливост и подобрена ергономија, што значи и подобар исход за нашите пациенти – вели Арсеников.

    Оваа успешна операција означува важен момент во имплентирањето на новите технологии во медицината кај нас. Таа го трасира патот за поширока примена на истите во разни области на хирургијата, особено при долготрајните и комплицирани операции, и поставува нови стандарди за квалитет во грижата за пациентите.

    – Среќни сме што го постигнавме овој успех и продолжуваме во нашата мисија на спојување на медицината со најновите технологии. Овој успех е награда за работата и посветеноста на целиот наш тим и возбудени сме поради позитивните придобивки за пациентите и целата медицинска фела – вели Арсеников.

    3DLoom е медтек компанија посветена на спојување на новите технолгии како вештачката интелигенција, 3Д печатењето и виртуелната реалност со медицината. Тие нудар решенија, создадени за да ја унапредат грижата за пациентите и да ги подобрат исходите од оперативните зафати.

    The post Прва операција на жолчка со помош на ВР технологија во Скопје first appeared on УМНО.МК.

    Exit mobile version