Првата реакција на САД на најновата нуклеарна закана на Путин: „Тоа е целосно неодговорно“

    Првата реакција на САД на најновата нуклеарна закана на Путин: „Тоа е целосно неодговорно“

    Ентони Блинкен, шефот на американската дипломатија, денеска ја осуди заканата на рускиот претседател Владимир Путин со нуклеарно оружје како „неодговорна“. Да потсетиме дека Кремљ денеска објави дека промените што ги најави Путин во руската нуклеарна доктрина треба да се сметаат за „специфичен сигнал“ до Западот.

    „Тоа е целосно неодговорно. Мислам дека многумина во светот го кажаа тоа јасно кога Путин штрака со нуклеарното оружје – вклучително и Кина“, рече Блинкен во разговор за MSNBC.

    „Затоа сакам да го повторам истото и сега, во време кога целиот свет се собра и кога зборуваме за потребата од разоружување и неширење на нуклеарното оружје“, рече Блинкен, кој присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

    Текстот Првата реакција на САД на најновата нуклеарна закана на Путин: „Тоа е целосно неодговорно“ е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version