Почина композиторот Љупчо Константинов, добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело

    Почина композиторот Љупчо Константинов, добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело

    Почина легендарниот македонски композитор Љупчо Константинов, потврди семејството.

    Имаше 78 години. Константинов беше препознатлив по неговата музика „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други.
    Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство.

    Тој дипломирал на Музичката академија во Белград. Компонирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми.

    Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста. Композиторот во 2019 година ја доби ѝ наградата „Голема ѕвезда“ на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а ја добил и наградата „Златен објектив“ за 2023 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија.

    Фото: Архива

    The post Почина композиторот Љупчо Константинов, добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело appeared first on ekran.

    Exit mobile version