back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаБАЛКАНПочина една о...

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Една од тројцата пациенти тешко повредени поради уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина на 17.11. во 15 часот во Клиничкиот центар на Војводина, соопшти в.д. директор на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.

„Се работи за пациентка со најтешки повреди. Таа е петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај сите напори на лекарите, таа почина“, рече Туркулов.

Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите продолжуваат да се борат за животот на уште две тешко повредени лица.

„Во името на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа се од себе“, подвлече Туркулов.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, кога 14 лица загинаа на лице место, а тројца беа тешко повредени.

The post Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари