back to top
0.8 C
Skopje
02.02.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАПотпишан прот...

Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово – чекор поблизу во имплементација на „One Stop Shop“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на заедничката меѓувладина седница со Владата на Република Косово која се одржа во Приштина.

На оваа седница се потпиша протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица.

„Со ова направен е уште еден значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop,“ кој ќе овозможи побрз, поедноставен и поефикасен проток на патници и стоки. Овој систем ќе го скрати времето на чекање на границите и ќе придонесе за подобро поврзување и олеснување на движењето помеѓу нашите две земји.“, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски во рамките на седницата имаше можност да оствари разговор со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла на кој се разговараше за наредните конкретни чекори потребни за имплементација на „One Stop Shop“ на овие гранични премини.

The post Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово – чекор поблизу во имплементација на „One Stop Shop“ appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари