дома СВЕТ Потпишан дого...

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на Договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја.

Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го потпишаа овој документ на 19 јуни за време на посетата на Путин на Пјонгјанг. Тој треба да го замени основниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Русија и КНДР од 9 февруари 2000 година.

Документот ќе стапи во сила на денот на размената на инструментите за ратификација и ќе биде неограничен, пренесува РИА Новости.

Четвртиот член од договорот предвидува дека доколку една од земјите биде подложена на вооружен напад од друга држава или повеќе држави и се најде во воена состојба, тогаш другиот потписник веднаш ќе обезбеди воена и друга помош со сите расположливи средства.

Дополнително, според членот осум, страните создаваат механизми за заедничко дејствување со цел зајакнување на одбранбените способности во интерес на спречување војна, како и обезбедување регионален и меѓународен мир и безбедност.

Текстот Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана е превземен од А1он.

Exit mobile version