back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТПоранешниот м...

Поранешниот министер Весиќ меѓу 11-те уапсени за трагедијата во Нови Сад

Поради падот на настрешниџата на Железничката станица во Нови Сад и голема трагедија уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Меѓу уапсените е и до неодамна министерот за градежништво, Горан Весиќ, јавуваат српските медиуми.

Весиќ на 5 ноември поднесе оставка од функцијата министер за градежништво.

Весиќ на својот профил на социјалната мрежа „Х“ тогаш објави дека „поднел оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија“ што се случи во ресорот со кој раководи.

„Ја напуштам оваа позиција со чиста совест и горд на резултатите што остануваат зад мене како и тимот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура што работеше со мене. Работев со голема почит и одговорност кон граѓаните како и со најдобра вера исклучиво во интерес на Србија“, истакна Весиќ.

Вчера оставка поднесе и министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ, поранешен министер за градежништво, во чиј мандат започна реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад.

Во несреќата загинаа 15 лица, а лекарите се уште се борат за животот на две лица.

The post Поранешниот министер Весиќ меѓу 11-те уапсени за трагедијата во Нови Сад appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари