Поранешен директор си присвоил ехо апарат од болницата во Кичево

    Поранешен директор си присвоил ехо апарат од болницата во Кичево

    Поранешен директор на ЈЗУ Општа болница Кичево присвоил ехо апарат од болницата, а кичевската полиција му поднесе кривична пријава.

    Станува збор за С.Т. (49) од Кичево, а кривичната е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

    -Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024 година, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Тој ехо апаратот не го ставил во употреба во услови на ковид пандемијата.

    The post Поранешен директор си присвоил ехо апарат од болницата во Кичево appeared first on еМагазин.

    Exit mobile version