back to top
6.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаБАЛКАНПоради трагед...

Поради трагедијата: Во Нови Сад нема да се организира дочек на Новата година

Градот Нови Сад нема да организира дочек на Новата година ниту на Стара нова година, од почит кон жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 14 лица, а три се тешко повредени.

Според соопштението од Градската управа, одлуката ја донел градоначалникот Милан Ѓуриќ. Тој изјави дека, од почит кон жртвите и сочувство со нивните семејства, градот се откажува од големите прослави, нагласувајќи дека солидарноста и заедништвото се најважни во овие тешки моменти.

„Градот ќе направи сè за да им помогне на семејствата на загинатите и повредените, обезбедувајќи им целосна поддршка и помош. Одговорните за овој трагичен настан ќе сносат целосна кривична одговорност согласно законите“, истакна Ѓуриќ. (МИА)

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари