дома СВЕТ Поради планир...

Поради планирање терористички напад уапсени седум лица во Белгија

Поради планирање терористички напад уапсени седум лица во Белгија

Белгиската полиција во четвртокот приведе седум лица осомничени за планирање терористички напад, објави државниот обвинител. По наредба на судија во Антверпен, полицијата изврши 14 претреси низ целата земја, вклучувајќи го тој град, Брисел, Гент и Лиеж.

„Седум лица се приведени на распит“, се вели во соопштението на обвинителот.

Сите тие се приведени „под сомнение дека учествувале во активности на терористичка група, финансирале тероризам и подготвувале терористички напад“.

Во соопштението за медиумите не се открива за која терористичка група се работи, но Белгија во последните години има посебен проблем со исламистичкиот тероризам.

Во ноември 2015 година, бриселската ќелија на Исламската држава уби 131 лице во Париз, а во напад на белгиската престолнина во март 2016 година беа убиени 32 лица.

The post Поради планирање терористички напад уапсени седум лица во Белгија appeared first on Локално.

Exit mobile version