Колку и да е парадоксално, кабелот е причина што не проработи новиот дел на струмичката болница. На тоа упатуваат изјавите на соговорниците на РСЕ, зошто една од најсовремените болници во јавното здравство во Северна Македонија не е во употреба иако изградбата беше завршена уште во 2021 година.