дома ЕКОНОМИЈА Помалку фирми...

Помалку фирми и граѓани на Листата на должници на УЈП за октомври

Помалку фирми и граѓани на Листата на должници на УЈП за октомври

На Листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за октомври за неплатен ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, има помалку фирми и граѓани.

На истата има 1.976 должници – правни лица (помалку за 24 од претходната листа) и 3.786 физички лица (помалку за 8 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг изнесува 11.042.537.967 денари, (помалку за 64.874.753 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10. најголеми должници на Листата на УЈП во октомври

The post Помалку фирми и граѓани на Листата на должници на УЈП за октомври appeared first on еМагазин.

Exit mobile version