дома СПОРТ Полските одбо...

Полските одбојкари по пауза од 48 години се пласираа во финалето на ОИ

Полските одбојкари по пауза од 48 години се пласираа во финалето на ОИ

Полските одбојкари по 48 години повторно ќе играат за златниот олимписки медал откако во полуфиналето на Олимпискиот турнир во Париз ја совладаа американската репрезентација со 3:2.

Полјаците ги предводеше натурализираниот Кубан Вилфредо Леон Венеро со 26 поени, а 15 забележа Норберт Хубер. Најдобри кај САД беа Метју Андерсон со 24 поени и Арон Расел со 20 поени.

Решавачки испадна четвртиот сет во кој Полјаците постојано заостануваа, но во решавачките моменти имаа поголема смиреност и прецизност. Во решавачкиот сет Американците водеа само еднаш, кога го освоија првиот поен. Полска стигна до четири меч топки (14:10), американските одбојкари спасија три, но не и четврта, кога топката од нивниот блок заврши во аут.

Полска единственото финале досега го играше во 1976 година во Монтреал, каде го освоија златниот медал победувајќи ја репрезентацијата на СССР со 3:2 во финалето. Во финалето на турнирот во Париз, Полска го чека победникот од полуфиналната пресметка меѓу Италија и Франција.

Текстот Полските одбојкари по пауза од 48 години се пласираа во финалето на ОИ е превземен од МАКФАКС.

Exit mobile version