Полицијата приведе осуденик додека пазарел во маркет во Битола, го барале со потерница

    Полицијата приведе осуденик додека пазарел во маркет во Битола, го барале со потерница

    Прилепчанец кој се барал со централна потерница од Идризово за издржување на казна затвор во времетраење од една година и два месеца бил приведен во Битола.

    Од МВР информираа дека 46-годишниот маж вчера околу 18.20 часот бил приведен во маркет на улицата Филип Втори Македонски.

    Приведувањето е врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово.

    Текстот Полицијата приведе осуденик додека пазарел во маркет во Битола, го барале со потерница е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version