back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Покажало истражување – Храна која е поврзана со забрзано стареење: Намалете ја нивната конзумација

Ново истражување покажало дека конзумирањена ултрапреработена храна (UPF) е поврзано со забрзано стареење. Поради оваа причина, треба да ја консумирате што е можно помалку.
Ултра-обработената храна вклучува грицки, слатки пијалоци, овошен јогурт, житарки, масовно произведен леб, алтернативи за месо итн. Во истражувањето учествувале средовечни и постари Италијанци. Оние кои консумирале повеќе од 14 отсто од дневните калории од ултра-обработена храна биле биолошки постари од нивната вистинска возраст.
Ултра-обработената храна долго време има лоша репутација дека е богата со калории, шеќер, масти и сол. Затоа многу експерти советуваат да се намали нејзината потрошувачка.

„Покрај тоа што е нутритивно неадекватна, богата со шеќери, соли и заситени или транс масти, ултра-обработената храна се подложува на интензивна индустриска обработка што всушност ја менува нејзината прехранбена матрица, со последователно губење на хранливи материи и влакна“, вели авторката на студијата, Маријалаура Боначио.
Таа додала дека тоа има многу негативни последици врз метаболизмот и функционалноста на дигестивниот тракт. Имајќи предвид дека ултра-обработената храна често се завиткува во пластична амбалажа, таа на тој начин станува носител на материи токсични за телото.

Фото: Архива

The post Покажало истражување – Храна која е поврзана со забрзано стареење: Намалете ја нивната конзумација appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари