ПОЖАРОТ ВО ЦРНА ГОРА СЕ ШИРИ: Туристите во страв – со спакувани куфери чекаат инструкции/ВИДЕО

ПОЖАРОТ ВО ЦРНА ГОРА СЕ ШИРИ: Туристите во страв – со спакувани куфери чекаат инструкции/ВИДЕО

Пожарот во Црна Гора продолжува да гори, а како што може да се види од фотографиите и снимките што се шират на социјалните мрежи густиот чад се уште се шири.

Во Режевиќи над Петровац на црногорското приморје избувна голем пожар кој веќе неколку дена беснее, а густ чад ги обви туристичките центри меѓу кои и Будва Свети Стефан.

Пламените јазици беа видливи од неколку километри. Будва и Петровац се покриени со чад.

Пожарот е видлив од Бечиќи и Рафаиловиќи, а и мештаните и гостите се видно вознемирени. Многумина се жалат дека нема реакција од надлежните, бидејќи се уште нема канадери кои би се обиделе да го изгаснат пожарот, а пламените јазици се спуштаат кон населбите, загрозувајќи ги човечките животи и живиот свет.

Exit mobile version