back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАПоднесено обв...

Поднесено обвинение за дивоградба во Старата скопска чаршија

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 60-годишник, во текот на 2018 и 2019 година, во својство на инвеститор, во Старата скопска чаршија, на постоечки објект – дуќан од 93 м2 во негова сопственост, извел надградба од ходници, скали, лифт, рецепција и други простории, а на соседна парцела извршил целосна изградба на објект – хотел со подрум, 4 ката и поткровје, без да поседува одобрение за градење од надлежното министерство, но и без основен конзерваторски проект и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство.

The post Поднесено обвинение за дивоградба во Старата скопска чаршија appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари