back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаПодметнати по...

Подметнати пожари и обид за саботажа со цел да се парализира Париз за Олимписките игри

Француската железничка компанија (SNCF) соопшти дека нејзината брза железничка мрежа била нападната за да се парализира системот на денот на отворањето на Олимписките игри.

Наведоа дека пожарите се подметнати со цел да се оштетат железничката инфраструктура и објектите. Извор близок до истрагата изјави за АФП дека нападот вклучувал акти на саботажа.

 

Цел на нападот биле неколку брзи линии на запад, север и исток од Париз, а на железничката станица Монпарнас се формирале долги редици.

„Пожарот ги оштети инсталациите, а нашите тимови се веќе на самото место за да извршат процена и да почнат со поправки“, соопшти SNCF додавајќи дека станува збор за „масовен напад, чија цел е парализирање на железничката мрежа“.

Повеќе брзи возови ќе бидат пренасочени кон конвенционалните линии. Нормализирање на сообраќајот се очекува дури в понеделник.

Патрис Вергрите, министерот за транспорт, го осуди ова како криминален чин.

Амели Удеа Кастера, министерка за спорт, изјави дека станува збор за страшен напад и дека моментно се проценува влијанието врз граѓаните, но и врз самите спортисти.

Текстот Подметнати пожари и обид за саботажа со цел да се парализира Париз за Олимписките игри е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари