back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаПовеќе разбир...

Повеќе разбирање од наставниците по останатите предмети. Олимпијците-хемичари се сретнаа со претседателката Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими средношколците-олимпијци што ја претставија Македонија на 56. Меѓународна олимпијада по хемија на која освоија златен и сребрен медал. Таа им честитаза постигнувањата и им посака да бидат поттик и инспирација за сите млади луѓе што се занимаваат со научно-истражувачка работа.

– Ја истакнав својата заложба за изнаоѓање на одржливо системско решение за логистичка и финансиска поддршка на идните учества на македонски претставници на слични натпреварувања – вели оретстедателката Сиљановска-Давкова.

На 56. Меѓународна олимпијада по хемија од 21 до 30 јули се држа во Ријад, Саудиска Арабија, Македонија ја претставија: Петар Мирчевски, трета година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ кој освои сребрен медал, Марио Ванчоски (кој освои бронза) и ван Костевски трета, двајцата трета година во „Славчо Стојменски“ во Штип и Елена Живаљевиќ, трета година, во „Јахја Кемал“ во Скопје. Средношколците ги придружуваа универзитетските професори д-р Миха Буклески и д-р Марина Стефова од Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, научно здружение што ги организира натпреварите на македонската репрезентација.

На прашањата што би им го олеснило развојот и напредокот во хемијата како наука, средношколците што учат во државните училишта, меѓу другото одговориле:

– Повеќе разбирање од наставниците по останатите предмети кои од нас бараат врвни резултати, иако ние неколку месеци сиот капацитет го вложуваме во подговките за натпреварите и олимпијадите. Учениците во приватните училишта немаат таков притисок – велат тие.

Учениците олимпијци по природни науки и информатика што ја претставуваат Македонија на светските натпревари се избираат преку комплексни селекциони натправари. Годинава со трансформацијата на институциите и згаснувањето на Агенцијата за млади и спорт сите наулни здруженија ја изгубија вообичаената поддршка и одвај заминаа на натпреварите од кои дел се одржаа во далечни земји. Умно.мк цел месеца пишуваше дека дел од трошоците за котизација на натпреварите и за авиобилетите ќе паднат на товар на учениците. Беше организиран и повик за донации. Министерството за образование и наука не може да помогне зашто според Законот за средно образование не може финансиски да ги плати патните трошоци. МОН побара поддршка од бизнис заедницата и вети дека во подготовка е нов закон за средно образование во кој ќе бидат предвидени одредби за надомест на патни и трошоци за котизација за учество на меѓународни научни олимпијади. Годинава изостана и поддршката од ТИРЗ која лани ги купи авиобилетите за младите математичари и физичари да стигнат до Јапонија. Најголем дел од натправарувачите годинава освоија медали.

(В.И.И.)

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

The post Повеќе разбирање од наставниците по останатите предмети. Олимпијците-хемичари се сретнаа со претседателката Сиљановска-Давкова first appeared on УМНО.МК.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари