back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТПлоштадот Евр...

Плоштадот Европа во Москва преименуван во плоштад Евроазија

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин потпиша указ за преименување на плоштадот Европа во центарот на Москва во плоштад Евроазија.

Плоштадот беше отворен во 2002 година како дел од руско-белгискиот проект кој го симболизира европското единство, јави Радио Слободна Европа.

Знамињата на 48 европски земји се вееа на плоштадот до март минатата година, кога беа отстранети без објаснување.

На плоштадот има споменик на белгискиот скулптор Оливие Штребел, во чија близина е отворен европскиот трговски центар во 2006 година, а РСЕ пишува дека се уште не се знае дали споменикот ќе биде отстранет.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари