back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТПливаше во Се...

Пливаше во Сена, па заврши во болница

Репрезентацијата на Белгија се повлече од мешаната штафета во триатлон на Олимписките игри, откако на спортистката Клер Мишел и се слоши, соопшти Белгискиот олимписки комитет.

  • COIB и белгискиот триатлон се надеваат дека ќе се извлечат поуки за идните триатлон настани на Олимписките игри. Размислуваме за можноста за тренирање, како и за форматот на натпреварот што мора однапред да се разјасни за да се осигура дека нема неизвесност за спортистите, поддржувачите и навивачите, пренесе хрватската новинска агенција „ХИНА“.

COIB не објави од што боледува 35-годишната триатлонка, но за белгискиот весник „Де Стандард“ објави дека Клер Мишел е болна веќе четири дена и е во болница. Таа е заразенa со бактеријата E.coli која предизвикува проблеми со желудникот и цревата, а причина може да биде загадената река Сена.

  • Ова е циркус со спортисти, не третираат како марионети, истакна белгискиот триатлонец Мартен Ван Рил.

Квалитетот на водата во Сена предизвика спорови и неизвесности за време на Игрите, а неколку тренинзи беа откажани. Машката конкуренција беше одложена за минатата среда, за на крајот да се одржи истиот ден со женската.

Организаторите изјавија дека се уверени оти штафетата ќе се одржи и покрај откажувањето на тренинзите.

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари