back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаБАЛКАНПлакати за ун...

Плакати за унапредување на македонскиот пазар на електрична енергија

Секојдневно по 35 учесници тргуваат на Македонската берза на електрична енергија, што е потврда за воспоставената сигурност и релевантните цени за секој час од денот.

– МЕМО значајно придонесе во модернизацијата на македонскиот енергетски сектор, овозможувајќи примена на најдобрите европски практики во трговијата со електрична енергија. Согласно најновите трендови посветени сме на успешното интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар. Во таа насока, работиме на пазарно спојување познато како маркет каплинг со берзите на соседните земји и членки на Европската унија, за поефикасна распределба на преносните капацитети и подобрување на конкурентноста на пазарите на електрична енергија. Ова директно води до пониски цени, бидејќи електричната енергијата се пренасочува кон регионите каде што таа е најпотребна, овозможувајќи оптимално користење на ресурсите – потенцираат од Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО).

Оттаму велат дека силно се залагаат за зајакнување на интеграцијата преку актуелните механизми на маркет каплинг, зголемување на преносните капацитети и подобрување на регулаторната рамка за да се овозможи натамошно фер и транспарентно работење на сите учесници на пазарот на електрична енергија.

– Со поддршка од клучните чинители во секторот енергетика, компаниите, институциите во нашата земја како и меѓународните партнери, веруваме во реализација на зацртаната цел, а тоа е маркет каплинг кој води до подобрување на синергијата меѓу веќе постоечките берзи и инфраструктури во регионот – велат од МЕМО.

Денеска МЕМО одбележува 5 години од своето постоење, а по тој повод управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, додели плакети и благодарници за колегите кои, во различни периоди и на различни позиции, од самите почетоци до денешниот ден, со својата посветеност, професионализам и поддршка, беа од клучно значење за унапредувањето на македонскиот пазар на електрична енергија. Плакети добија Љубин Поповски, Илија Близнаковски, Елизабета Гиовска, Александар Ристовски, Кирил Ачкоски и Симон Шутиноски.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари