Пејачката Анета Љумаковска скршена од болка – ненадејно почина нејзиниот татко

Пејачката Анета Љумаковска скршена од болка – ненадејно почина нејзиниот татко

Само што се јави дека стасала на преубавиот Грчки остров Санторини каде требаше да се одмори и да го помине топлото лето, Анета Љумаковска, поранешната пејачка на групата “Молика“ мораше да се врати дома.                                                                  И  наместо да си го слави својот 40 роденден, разубавената Анета длабоко тагува. Скршена е од болката, по ненадејната смрт на нејзиниот сакан татко кој почина вчера.

-Уживаше секогаш кога ти пеев. Јас ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите. Секогаш беше моја гордост. Почивај во мир тато, емотивно напиша таа на „Инстаграм“.

Во меѓувреме се огласи и нејзината мајка Лилјана Љумаковска со исто така силни емотивни зборови: – Зошто ме остави? Како јас ќе живеам без тебе? Денес ме напушти мојот животен сопатник со кој поминавме 47 години заедно во добро и во лошо,  напиша Госпоѓата Лилјана, на социјалните мрежи.

Exit mobile version