back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Петмина македонски кикбоксери на Европското сениорско првенство

Во Атина денеска почнува натпреварувачкиот дел на сениорското Европско првенство во кикбокс во машка и женска конкуренција на кое ќе настапат петмина македонски натпреварувачи.
Во женска конкуренција, Леа Бошевска ќе настапи во кик лајт во категоријата до 50 килограми, а Андреа Костовска во кик лајт до 55 килограми.
Во машкиот состав се Мите Ашкилов во кик лајт во категоријата до 94 килограми, Бобан Илиоски во лоу кик до 86 килограми и Стефан Михајловски во кик лајт во категоријата над 94 килограми.
На Европското првенство кое се одржува до 10 ноември пријавен е настапот на 982 кикбоксери од 41 земја.

The post Петмина македонски кикбоксери на Европското сениорско првенство appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари