Перформансот „Танцот на смртта“ на легендарниот укранински театар „ДАК” вечерва на МОТ

    Перформансот „Танцот на смртта“ на легендарниот укранински театар „ДАК” вечерва на МОТ

    Фестивалот МОТ ја има огромната чест и задоволство да, во својата програма оваа година, го вклучи легендарниот укранински театар “ДАК”, основан од авангардниот културен деец Влад Троицки, кој се вбројува како еден од најголемите театарски режисери на денешницата. Уште во раните 90-ти години, Троицки станува активен во независната театарска и музичка сцена, оставајќи сериозен белег со неговите продукции. Во 1994 година, го основа театарот “ДАК”, првиот независен театар во Украина. Потем ја основа и легендарната етно-хаос музичка група “ДакаБрака”, основач е на Gogolfest – еден од најголемите уметнички фестивали во Киев и се јавува како идеен творец на фрик – кабарето “Ќерките на ДАК”, гости на 49. МОТ со продукцијата “Танцот на смртта”.

    Во перформансот „Танцот на смртта“, шест актерки и пејачки ги раскажуваат приказните на жени од Украина – приказни за војната и нивните секојдневни животи и семејства. “Ќерките на Дак” се движат меѓу нивните виртуозни меѓужанровски композиции, меѓу етното, панкот, кабарето и водвил – и не само за да се наслика насилната природа на еден конфликт на еден многу моќен начин, но и за да се обрати кон хуманоста и солидарноста.

    Театарот “ДАК” e еден од водечките експериментални центри за современа уметност со седиште во Киев, кои се сметаат за иноватори во развојот на синергии помеѓу класичната и современата уметност, култура и технологија, обединувајќи заедници, градови, земји.

    Ексклузивна можност да се погледнат и на 49.МОТ!

    Вечерва, во МКЦ, сала Фросина, со почеток во 21:00 часот

    Режија: Влад Троитски

    Играат: Тетјана Троитска и Дак Дотерс: Наташа Шарпе, Наталиа Халаневич, Руслана Казипова, Соломиа Мелнк, Ана Никитина

    Музика: Дак Дотерс
    Фотографија: Олександр Космач
    Превод на титл: Кирил Мечалов
    Дизајн и менаџер на светло: Асткик Хрyхориан
    Превод: Ирина Дмитричин
    Сценски и менаџер на звук: Дамиен Галот
    Менаџер на звук: Артур Де Барy
    Инспициент: Симон Фуше
    Дизајн на реквизита: Роланд Би
    Продукциски менаџер: Андриј Палатни
    Координатор: Викторија Федорив
    Извршен продуцент: Ле Пре, Нормандија

    Времетраење: 90 мин.

    Јазик: Украински со превод на македонски

    Билетите по цена од 600 денари можете да ги набавите на www.bileti.mkc.mk

    The post Перформансот „Танцот на смртта“ на легендарниот укранински театар „ДАК” вечерва на МОТ appeared first on ekran.

    Exit mobile version