Кошаркарите на Пелистер одиграа уште еден натпревар под своето ниво, а со тоа драстично си ги намалија шансите за пласман во втората фаза од АБА2 лигата. Тимот од Битола претрпе уште еден пораз во регионалното натпреварување, овој пат на домашен терен од Џокер со 77:81.
„Зелено-белите“ беа постојано во водство во првото полувреме, но разочараа во вториот дел, па на крајот го загубија овој натпревар.
Џокер по првите три кола има максимални 3-0, Подгорица е второпласирана со скор 2-1, пред Пелистер со 1-2 и Широки Бријег со 0-3.