Ако им се верува на англиските медиуми тогаш лондонскиот премиерлигаш Челзи е на добар пат да ги осигура услугите на нигерискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Виктор Осимен. Освен парична понуда, „сините“ се подготвени во обратната насока да испратат двајца фудбалери од кои едниот сигурно ќе биде белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку.