Денес, во Јавна соба во Скопје, со почеток во 15:00 часот, ќе можете да се придружите на панел-дискусијата низ која ќе се истражи засиленото влијание на антиродовите мобилизации низ пост-Југословенскиот регион.
Главна говорничка: Адриана Захаријевиќ
Панелистки: Ирена Цветковиќ и Слаѓана Начевски
Оваа сесија ќе биде отворена со презентација на Адриана Захаријевиќ, која ќе сподели сознанија од најновата публикација за антиродовите мобилизации во постјугословенскиот простор, книга напишана од членовите на мрежата #GenPolSEE (Gender & Politics Research Network in South-East Europe). Презентацијата на Адриана ќе се обиде да ја претстави регионалната и локалната динамика на овие мобилизации и начините на кои тие стануваат клучни предизвици за човековите права и демократијата денес.
По презентацијата следува панел на кој ќе говорат Ирена Цветковиќ и Слаѓана Начевски. Панел дискусијата ќе се обиде да понуди размислувања за влијанието на антиродовите кампањи на локално ниво и врз локалните заедници. Ирена и Слаѓана ќе се осврнат на секојдневните предизвици со кои се соочуваат бранителките на човекови права, како и за пошироката закана што овие групи ја претставуваат за демократските институции низ целиот регион.
Овој настан е отворен за сите заинтересирани!
The post Панел-дискусијата за истражување на засиленото влијание на антиродовите мобилизации низ пост-Југословенскиот регион appeared first on ekran.