back to top
12.8 C
Skopje
30.01.2025
Google search engine
домаПалевски попр...

Палевски поправал котел на пријател ден по убиството на Вања, за претходниот рекол дека бил настинат

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеше и Ерол Османи, пријател на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

Тој рече дека Палевски дошол кај него да му го поправи котелот за греење, ден по убиството на Вања, а за претходниот ден му рекол дека нема да може, бидејќи бил настинат.

Кога дошол бил со добро здравје и не му кажал ништо за претходниот ден. Не забележал ништо чудно кај него.

Палевски кај Османи дошол со бел пикап, на кој на возачката врата имало вдлабнатина. Не забележал дека Палевски носел оружје.

Османи го испрашуваше и Палевски.

The post Палевски поправал котел на пријател ден по убиството на Вања, за претходниот рекол дека бил настинат appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари