Палевски го натерал Кешишев да го смени исказот

    Палевски го натерал Кешишев да го смени исказот

    На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Влатко Кешишев, еден од обвинетите кажа дека го сменил исказот дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо не бил присутен за време на двете убиства по барање на Палевски.

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил прустен за време на убиствата на Вања и Панче

    Кешишев рече дека Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол да ја препише и да ја потпише.

    Тоа го направил, како што рече, поради страв од Палевски.

    Судијата Ивица Стефановски му рече на Кешишев дека ова ќе може да го каже подоцна при својата одбрана.

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    Обвинетиот Манев и покажал на полицијата каде е закопан Панче

    Обвинителството тврди дека Палевски е сторителот: Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

    Фото: Палевски/Фејсбук

    The post Палевски го натерал Кешишев да го смени исказот appeared first on еМагазин.

    Exit mobile version