Олимписките игри беа свечено отворени синоќа, а борбата за медали започнува денеска. Неофицијално, некои натпревари започнаа пред неколку дена, како во фудбалот, рагбито, ракометот и во стрелаштвото, и токму во дисциплината стрелаштво во поединечна серија за девојки го добивме првиот светски рекорд во Париз оваа година.
Репрезентативката на Јужна Кореја, Сихјеон Лим, го собори светскиот рекорд, бидејќи запиша вкупно 694 поени во поединечна серија. Тоа беше два поена повеќе од сонародничката Кахејунг Канг, која постави рекорд од 692 поена на натпреварот во Хертонгебош, во 2019 година. Исто така, со овие 694 поени, Лим постави и олимписки рекорд, кој го држеше Корејката Сан Ан, која на последните игри во Токио собра 680 поени.