Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

    Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

    Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.

    Во општината Гази Баба се отстранети 15 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Никола Киров Мајски во населбата Хиподром, извести Комунална хигиена-Скопје.

    Во општината Чаир се подигнати приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Кемал Сејфула, како и пет кубни метри отпад одложен на сообраќајна површина во непосредна близина на трговскиот центар „Мавровка“.

    Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Христо Батанџиев во скопската општина Ѓорче Петров, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

    Текстот Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version