back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТОТКАЖАН САМИТ...

ОТКАЖАН САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Пропадна тендерот за организација на настанот, домаќин требаше да биде Босна и Херцеговина

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми.

За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен.

Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на тој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, а Неум беше избран за повеќегодишна дестинација.

Дводневниот настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања.

Целта на самитот е да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакнат политичките и економските врски меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари