Отворен спортскиот центар „Александар Ивановски“

Отворен спортскиот центар „Александар Ивановски“

Општина Кисела Вода доби уште еден спортски центар. Станува збор за спортскиот центар „Александар Ивановски“ во Теферич, населба Припор, кој го носи името на младо момче од оваа општина за кое прерано згасна животот.

Центарот го отворија министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со едноминутно молчење оддавајќи му почит на Александар.

Спортски центар во Теферич доби ново осветлување, детско катче и урбана опрема, вештачка трева за фудбалското игралиште, како и паркинг места.

-Припор е едно од местата кое беше заборавено од моите претходници, но тој третман останува таму, во минатото.Ние, во изминатиот период се потрудивме и сѐ уште силно работиме на рамномерен развој како за Припор, така и за останатите населби – изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека многу наскоро ќе биде обновено и игралиштето во подрачното училиште каде што, како што истакна никој не заковал шајка со години.

-Во моментов работиме и на реконструкција на повеќе улици во Припор и се трудам максимално да одговорам на сите потреби за кои во минатото никој немал слух – нагласи Ѓорѓиевски.

 

 

Exit mobile version