Денес со почеток од 20:00 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена голема самостојна изложба на познатиот македонски ликовен уметник Томе Мишев од Неготино.
Изложбата е во рамките на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци – Михајлово 2024“. Традиционално колонијата се отвора со изложба на еден од уметниците учесници на колонијата. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
ТОМЕ МИШЕВ – Роден 1958 година во Струмица. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје. Член на ДЛУМ. Живее и работи во Неготино. Самостојни изложби: 1999 Софија (Бугарија) „Досев Галерија„ ; Скопје – Културно – информативен центар – Струмица -Уметничка галерија; Куманово, Центар за култура 2002 – Скопје – Културно -информативен центар 2003 –БањаЛука, Република Српска (Б и Х); Музеј на современа уметност 2004 -Сараево (Б и Х), „Сараевска зима 2004„ 2005 -Нирнберг (Германија), Градска куќа; Шварценбах (Германија), Градска куќа 2006 -Vence (Франција) – Galerie la Pointe Badine 2007 -Скопје, Национална галерија на Македонија 2009 -Неготино, Арт М галерија 2010 -Кавадарци – Музеј галерија- 2014 – Струмица -Уметничка галерија 2014 –МКЦ (Младински културен центар) -Скопје 2015-КИЦ на РМ во Софија (Бугарија) 2020- Демир Капија.
Во најновиот циклус на слики изработени од академскиот уметник Томе Мишев, воочуваме напор за креирање на еден духовен понтонски мост којшто треба инстантно да се инсталира меѓу поставените дела и набљудувачот и во еден момент да се добие чувство за поврзување на човечкото со природата.
The post Отворање на самостојната изложба на познатиот македонски ликовен уметник Томе Мишев appeared first on ekran.