Австралиската пливачка Ема Мекион објави дека става крај на кариерата. Таа освои 14 олимписки медали на Игрите во Рио 2016, Токио 2021 и Париз 2024 година – шест златни, три сребрени и пет бронзени. Со 14 олимписки медали, таа е најодликуваната спортистка во Австралија.
Триесетгодишната Австралијка претходно посочи дека Игрите во Париз, каде што го освои златото во штафетата на 4 x 100 метри слободно, ќе бидат нејзините последни Олимписки игри во кариерата.
„Пливањето ми даде толку многу. Сонот започна на петгодишна возраст, па се до моите трети Олимписки игри. Толку многу лекции, пријателства, спомени…“, додаде таа.