Олимпиското село е на удар откако италијанскиот златен олимпиец Томас Цеконе беше снимен како спие покрај клупа во паркот.
Пливачот од Италија претходно се пожали на условите во Олимпиското село и тврдеше дека се „под стандардот“, пренесува Унилад.
На фотографијата која е направена се гледа дека тој е распослан со бел чаршаф на тревата под дрвото и дека спие завиткан. Саудискиот веслач Хусеин Алиреза го снимил Цеконе и го објавил видеото на својот Инстаграм профил.
“Во селото нема клима, жешко е, храната е лоша. Многу спортисти се селат поради тоа”, изјави претходно 23-годишниот италијански пливач.
Италијанската пливачка федерација ФИН мораше да појасни дека видеото на Цеконе не е поврзано со неговите претходни коментари за Олимпиското село. Тие за новинската агенција АНСА изјавија дека тоа е „само краток сон“, посочувајќи дека видеото е снимено во текот на денот.