дома СПОРТ Олимпискиот з...

Олимпискиот златен медал за игрите во Париз вреди речиси 1.000 долари

Олимпискиот златен медал за игрите во Париз вреди речиси 1.000 долари

Цената на медалите што ќе им бидат доделени на прво и второпласираните спортисти на Олимписките игри во Париз е зголемена во однос на Олимписките игри во Токио 2020 година. Вредноста на златната награда е близу 1.000 долари, пренесува данската компанија „Саксо груп“ , повикувајќи се на сопствени пресметки.

Најзначајно зголемување на вредноста е забележано кај златните медали: од 763 долари во Токио на 935 долари во Париз. Сребрените медали достигнаа 473 долари од 415 долари, а бронзените медали вредат 3,9 долари, во споредба со 4,1 долари на Игрите во јапонскиот главен град пред три години.

„Саксо груп“ објасни дека зголемувањето на цената на златните и сребрените медали е поврзано со зголемената побарувачка за метали, која е „забележана поради глобалната транзиција кон зелена енергија“.

The post Олимпискиот златен медал за игрите во Париз вреди речиси 1.000 долари appeared first on Локално.

Exit mobile version