дома ЕКОНОМИЈА Околу 2 илјад...

Околу 2 илјади обврзници навреме не поднесоа даночна пријава за ДДВ

Околу 2 илјади обврзници навреме не поднесоа даночна пријава за ДДВ

Само 1.983 или 5,1% даночни обврзници не поднесоа ДДВ-04 до 23.59 часот завчера. Од Управата за јавни приходи велат дека сите што задоцнија, треба да ја исполнат обврската и да ја поднесат даночната пријава!

– Управата за јавни приходи со повеќе потсетувања за навремено поднесување на даночните пријави, овозможи во екот на летните одмори поднесувањето на образецот ДДВ-04 да се одвива без продолжување на рокот и без застој, на задоволство на двете страни и на УЈП и на даночните обврзници. Во вториот квартал од оваа година, навремено поднесените даночни пријави за ДДВ се за 9 % повеќе во однос на претходниот квартал. Преку постојана комуникација со сметководителите со потсетување и известување да не се чека последниот ден за поднесување на даночните пријави, придонесовме оваа мисија заеднички да ја реализираме – велат од УЈП и потенцираат дека ќе се продолжи со ваквата комуникација со даночните обврзници и сметководителите за навремено и точно поднесување на сите видови на даночни пријави.

Exit mobile version