Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на палестинското движење Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната на таа територија загинале 44.249 лица, пренесе Франс прес.
Според соопштението, во изминатите 24 часа загинале најмалку 14 лица.
Се додава дека 104.746 луѓе се повредени во Појасот Газа од почетокот на војната, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
The post Од почетокот на војната во Појасот Газа загинале 44.249 луѓе appeared first on Локално.