Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства.
Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие.
Во изминатите шест години во земјава биле опожарени повеќе од 30 илјади хектари шумска површина. Само во изминатиот месец се евидентирани 770 пожари од кои над 150 се шумски.
Според Центарот за управување со кризи, годинава најмалку пожари имало во мај, а освен во јули, дури 538 пожари биле забележани во февруари.
Синдикалните организации од денеска почнуваат со хуманитарна акција за жителите на опожарените села. Се собираат храна, облека, средства за хигиена. Црвен крст, отвори телефонска линија за донации за настраданите од пожарите.
Хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донираат и врати и прозорци, што е планиарно за втората фаза од акцијата.
The post Од денес во Скопје хуманитарна акција за настраданите семејства од пожарите appeared first on Локално.