Повремениот репрезентативец на Англија и фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Конор Галагер, во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на шпанскиот гигант Атлетико (М). За да ги осигураат услугите на младиот играч за врска, челниците на популарните „јорганџии“ мораа да го прифатат побараното обештетување од 40 мил. евра.