Обвинителката од Вишото јавно обвинителство Битола, Ирина Трајкоска-Стрезоски, е избрана за нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”.
За нејзе гласаа шест, од вкупно девет членови од Управниот одбор на Академијата.
Трајкоска-Стрезоски е избрана за обвинителка во Основното јавно обвинителство Прилеп во 2009 година.
Таа е и потпретседателка на Здружението на јавни обвинители и член на Советот за информатичко-комуникациска технологија.
The post Обвинителката Ирина Трајкоска-Стрезоски избрана за нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on еМагазин.