Во просториите на Europe House во Скопје денеска ќе се одржат работилници за деца во три различни категории. Работилниците се во рамките на „Ноќта на истражувачите“, Европска иницијатива која прв пат е воведена во 2005 година за помогне во општото разбирање за важноста на истражувачката работа и да ја промовира истражувачката работа со тоа што ќе ја доближи до пошироката јавност. Иницијативата е во соработка со Центарот за иновации „Наука за деца“. Моѓе да учествуваат деца од сите возрасти, но неопходно е да се потврди присуството на ЛИНКОТ. Работилниците се ограничени до 15 деца.
1. „Сите бои на печатените книги“, за најмалите (5-6 год), од 17.30 до 18.30 часот.
Во оваа работилница низ различни активности децата се запознаваат со мешање на боите и кои се боите кои се користат за печатење на книгите. Работилницата финишира со една интерактивна сликовница за бои.
2. „Мостот на Да Винчи и хексафлексагон“, за деца од 7 до 9 години, од 18.30 до 19.30 часот.
На оваа работилница децата ќе се запознаат со уникатната техника за правење мост на Да Винчи, ќе го направат мостот и ќе истражуваат колку тежина може да поднесе пред да се растури. Потоа, вториот дел се однесува на хексафлексагонот – математично оригами што има повеќе од две лица.
3. „Моќта на магнетите“, за деца од 9 до 12 години, од 19.30 дo 20.30 часот
Низ различни експерименти децата дискутираат за магнетите, поствавуваат хипотези, донесуваат заклучоци. Магнетите ќе им бидат на располагање, така што и самите ќе можат да испробаат различни работи. Работилницата завршува со интересна презентација на скенови на овошја и зеленчуци направени со магнетна резонанца.
The post „Ноќта на истражувачите“ – три работилници за деца вечерва во Europe House Скопје first appeared on УМНО.МК.