„Ноември – месец на науката“ за сите основци и средношколци

    „Ноември – месец на науката“ за сите основци и средношколци

    Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“. Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и за нивните оддленски раководители, наставници по природни науки, математика, биологија, хемија и по географија.

    Манифестацијата ќе се одвива во текот на два викенда во ноември и тоа:

    • 23 ноември 2024 за учениците од основните училишта

    • 30 ноември 2024 за учениците од средните училишта

    Настанот ќе биде збогатен со различни активности: научно-популарни предавања, натпревар во експеримент /изработка/симулација/модел од ученик, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.

    „Ноември – месец на науката“ ја организираат Сојузот на математичарите на Македонија и ПМФ заедно со Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското географско друштво (МГД).

    Повеќе информации за начинот на пријавување на линкот.

    The post „Ноември – месец на науката“ за сите основци и средношколци first appeared on УМНО.МК.

    Exit mobile version