Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, сака во најбрз можен рок да ја продолжи соработката со португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш. Капитенот на „црвените ѓаволи“ има договор кој е со важност до 2027 година, а челниците на Јунајтед му нудат нов договор кој е со важност до 2028 година и кој му гарантира рекордна плата на „Олд Трафорд“.