дома ЕКОНОМИЈА Ново прегрупи...

Ново прегрупирање во Македонијатурист, кои се сега најголеми акционери

Ново прегрупирање во Македонијатурист, кои се сега најголеми акционери

За само неколку дена има ново прегрупирање во најголемата македонска хотелиерска компанија, Македонијатурист АД Скопје. Друштвото е сопственик на хотелите Холидеј Ин, Карпош, Водно, Бристол, Јадран, Best western и Bellevue.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Скопски пазар“ од денеска е втор најголем акционер во „Македонијатурист“

Од вчера еден од најголемите акционери е Скопски пазар АД Скопје, најголемата скопска компанија за издавање недвижен имот, која сега поседува 9,9% од акциите на Друштвото.

Скопски пазар ги купи акциите на тетовската градежна компанија Изо Стоне, која пред извесно време купи акции на Македонијатурист, кои преставуваа 6,62% од вкупниот број.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовската „Изо Стоне“ влезе во “Македонијатурист“

Претходно акционер со над 5% од акциите на Македонијатурист стана и М.Г. Фешн ДОО Скопје, која сега поседува 7,69% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М.Г. Фешн стана акционер со над 5% во Македонијатурист, поседува 7,69% од акциите

Доне Таневски и понатаму останува најголем акционер во Македонијатурист и поседува 23,4% од акциите.

Самото Друштво поседува 10% од акциите, но тие согласно законската регулатива се стерилизирани и не носат право на глас, ниту носат дивиденда.

Во акционерската структура на Македонијатурист покрупни акционери се и отворениот задолжителен пензиски фонд на Сава, кој поседува 8,8% од акциите и Симеон Павлов, кој поседува 8,2% од акциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соња Бибановска ги продаде акциите во Македонијатурист

The post Ново прегрупирање во Македонијатурист, кои се сега најголеми акционери appeared first on еМагазин.

Exit mobile version